Вицепредседателот на Милан, Адриано Галиани изјави дека вината за слабата игра против Палермо е во многуте повредени играчи.
„Поразот против Палермо од саботата? Беше мошне тешко да го избегмене со оглед на тоа што во овој момент имаме 11 повредени играчи“, изјави Галиани за Раи спорт.
„Имаме огромен број на повредени играчи, мислам дека ова е рекорд во последните 25 години кога од кога сум јас во клубот. Палермо потполно заслужено победи, нивниот тим е во многу добра состојба“.
„Во нашиот тим надвор од игра се одбранбените играчи, играчите за врска а исто така ни недостигаат и Пато и Бориело, а тоа се покажа на крајниот резултат“, дополни Галиани.