Адријано Галијани вели дека бразилскиот интернационалец Роналдињо и следната сезона ќе биде дел од клубот
Потпретседателот на Росоњерите ги осигура фановите дека Роналињо ќе замине од Сан Сиро.
Бразилскиот интернационалец играше во одлична форма изминатава сезона но по последното коло со Јувентус, Дињо фрли сомнеж врз својата иднина.
Плејмејкорот одби да потврди дека следната сезона ќе го носи дресот на Милан а утрово во интервју за Corriere dello Sport призна дека заминувањето на Леонардо е една од причините порани неговата неизвесна иднина на Сан Сиро.
Но Адријано Галијани вели дека помеѓу Милан и Роналдињо се одлични.
“Нема проблеми со Роналдињо.” – рече потпретседателот на Милан.
“Веќе имаме договор со неговиот брат (Роберто де Асис кој воедно е и агент на Роналдињо).”
“И нема сомнеж дека тој ќе игра во Милан и следната сезона.”
Роналдињо има договор со Росоњерите до 2011 и од претходно Галијани потврди дека за продолжување на верноста на играчот ќе се разговара на почетокот од следната година.