ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФОРУМ НА ФАН КЛУБОТ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА
 
PortalHomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Анчелоти: Ми се допаѓа Пато но Милан не сака да го продаде

Go down 
АвторПорака
MIKIMUA
Admin
MIKIMUA


Број на мислења : 202
Join date : 2010-04-17
Age : 29
Местолокација : Кочани

Анчелоти: Ми се допаѓа Пато но Милан не сака да го продаде Empty
ПишувањеПредмет: Анчелоти: Ми се допаѓа Пато но Милан не сака да го продаде   Анчелоти: Ми се допаѓа Пато но Милан не сака да го продаде EmptyВто Мај 11, 2010 2:07 pm

Тренерот на Челзи, Карло Анчелоти признава дека е фан на играта на Александре Пато но е свесен дека Милан не сака да ја продаде својата млада ѕвезда
50 годишниот стратег во својата прва сезона на Стемфорд Бриџ стигна до титулата во Премиер Лигата и има можност да го надмине успехот на Жозе Мурињо и да ја освои двојната круна во дебитантската година на кормилото на Челзи.

Зборувајќи за медиумите од Италија, Анчелоти, кој денес треба да се појави во судскиот процес во Неаопл како сведок повикан од Лучијано Моџи, рече: “Жозе освои две првенствени титули со Челзи по пауза од половина век па затоа тој секогаш ќе остане специјален.”

“Тој ми прати порака: ’Шампањ, Карло честитки! Многу убаво.”

За трансфер плановите на Челзи ова лето, Анчелоти додаде: “Некој ќе пристигне, но сеуште не знам кој. Сеуште разгледуваме. Ќе трошиме пари само доколку тоа е апсолутно неопходно.”

“Ми се допаѓа Пато многу. Тој имаше многу проблеми оваа сезона ни ми се чини дека Милан сака да ја гради иднината околу него. Милан не сака да го продаде”

“Но јас не велам дека на Челзи му е потребен играч со неговите квалитети.”

Запрашан за случувањата во Италија, каде што Интер и Рома во последното коло ќе одлучуваат за новиот шампион во Серија А а екипата на Милан ќе прави нова промена на тренерот, Анчелоти продолжи: “Интер може да ја освои тројната круна. Има силен тим способен за таков успех. Пред нив се две финалиња и можат да го сторат тоа.”

“Рома веќе има прекрасна сезона. На стартот од сезоната никој не веруваше дека тие ќе можат да се борат за Скудетото.”

“За Милан оваа беше сезона на трансформација, со нов тренер по заминувањето на Кака и пензионирањето на Малдини. Од тие причини, Леонардо завшри одлична работа и Милан треба да ја смета за позитивна сезона.”

“Тасоти да биде нов тренер доколку Леонардо замине? Тасоти го има искуството, експертизата и знаењето да биде тренер на Милан. Тој има одлични способности, тој е добар тренер со јасни идеии. Ќе биде одличен избор.”
Вратете се на почетокот Go down
https://www.facebook.com/miki.pecov?ref=profile
 
Анчелоти: Ми се допаѓа Пато но Милан не сака да го продаде
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Галијани: Пато нема да биде продаден; Милан нема да ги продаде своите ѕвезди
» Галијани: Милан нема да го продаде Хунтелар
» Галијани: Берлускони нема да го продаде Милан
» Берлускони го сака Спалети за тренер на Милан?
» Милан сака да го врати Ибрахимович во Серија А?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН :: Милан :: НОВИНИ-
Отиди до: