Вчера низ англиските медиуми се објави веста за понудата на лондонски Челзи, во која прирпема 80 милиони евра за 2-цата бразилски фудбалери во Милан, Пато и Тиаго Силва.
За „Газета дело Спорт“ брзо проговори потпретседателот на Мкилан, Адријано Галијани:
„Милан не е клуб кој ја иградил својата политика поврзана со продажба на најдобрите играчи. пато нема да си замине од „Сан Сиро“, во тоа сум 100% сигурен. Тоа не е само мое мислење туку веќе имам и одредени гаранции.“
Пато се припрема за враќање во тимот. Не играл од 21-ви Март поради комплицирање на повредата на тетивата од коленото, а најдобро за неговиот учинок на теренот одсликува статистката која вели дека Бразилецот постигнал 40 пгодоци во 69 натпревари во кој стартувал во првиот тим на Милан.
„Кога основата на напиот тим е во прашање нема нас да не намамат никакви милионски цифри.“ - рече Галијани.