Напаѓачот на Милан, бразилскиот фудбалски интернационалец Пато кој е еден месец веќе надвор од терените, конечно се враќа во тимот.
Една од главните алки во тимот на Леонардо полека го комплетираше опоравувањето откако на листата повредени играчи се наоѓаше од 21-ви март, кога ја обнови повредата на тетивата.
Пато се очекува да биде подготвен за настап овој викенд. Тој оваа недела ќе има неколку тестови, но добра вест е што лекарскиот тим на Милан е задоволен од неговото брзо заздравување.
„Росоњерите“ сеуште го немаат обезбедено третото место на табелата и диретниот пласман во Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи до крајот им е потребна уште една победа во последните две кола против Џенова и Јувентус.