Со погодкот во завршнциата од мечот од 36-тото коло од Серија А, во пеналот против Фиорентина, Роналдињо го осигура местото на Милан во Лигата на Шампионите во следната сезона.
„Ова беше важна победа за нас во сезоната, во најнезгоден момент.“ - рече Роналдињо кој со тоа дојде до бројката од 10 погодоци оваа сезона во Серија А. Со тоа е 3-ет клупски стрелец во Серија А: Бориело постигна 14, а Пато 12.
„Осигурување на играње во Лигата на Шампиите е голема работа и со ентузијазам можеме да ја дочекаме, како крајот на оваа, така и почетокот на следната сезона.“
Бразлиецот сепак не заборави една работа, која во моментов му е најважна.
„Се би било уште поубаво кога Дунга би ме повикал во Репрезнетацијата. Сега можам само да чекам и да се надевам.“