Францускиот играч за врска во редовите на Милан, Матју Фламини, вети дека ќе му остане верен на клубот.
Тој најави дека е спремен да се бори за место во стартниот тим и во наредната година. Неговиот почеток на „Сан Сиро“ не беше баш како што тој посакуваше, но поранешниот играч на Арсенал и Марсеј не е еден од оние што лесно се предаваат.
„Секогаш го давам својот максимум, како на тренингот, така и на натпреварите. За тоа зошто не играм ќе морате да го прашате тенерот, а тоа не значи дека веднаш ќе барам да ме стават на трансфер-листата.“ - смета Французинот.
По очајната сезона, Фламини е свесен дека ги загуби сите шанси за настап со својата репрезентација на Светското првенство.
„Не е ништо официјално, но не би ме изненадило доколку тоа се случи. Такви се околностите во моментов, за жал.“