Ширењето на гласините дека Милан ќе ја продаде бразилската ѕвезда, Алесандре Пато на Челзи, Галијани ја демантираше велејќи дека сите ѕвезди ќе останат на „Сан Сиро“ и наредната сезона.
Десната рака на сопственикот Силвио Берлускони одржа и некои факти околу финансиската состојба на клбуот, што значително се подобри во споредба на минатата година.
„Нема да се рзделиме со Пато, Роналдињо, Тиаго Силва, Марко Бориело, Клас Јан Хунтелар. Сите ќе бидат наши играчи во наредната сезона.“ - рече Галијани.
Тој прокоментира и за иднината на тренерот Леонардо.
„Да го оставиме мирно да ја заврши сезоната. Мене ми се допаѓа и ќе го убедам да остане, но одлуката е само негова. Марчело Липи? Никогаш не сме разговарале за таква опција. Ако Леонарди си замине, знаете каква е мојата и позицијата на Берлускони.“
Галијани рече дека Берлускони и понатаму е приврзан за тимот и ќе инвестира во него, но скромно.
„2010-та ќе биде тешка година во споредба со 2009-та. Продажбата на Кака во Реал Мадрид ни донесе 66 милиони евра,а во целина за 2009-та година имаме загуби во износ од 9.8 милиони евра. Ова значи дека финансиската состојба на Милан се подобри за 85% бидејќи во 2008-та година загубите ни беа цели 66.8 милиони евра.“ - објасни Галијани.