Милош Красиќ вели дека посакува заедно со Един Џеко да се преселат во Милан во летниот трансфер период
Српскиот интернационалец подолго време се поврзува со заминување од ЦСКА Москва и голем број на клубови ширум Европа посакуваат да го ангажираат.
Се шпекулира дека Красиќ е најблиску до преселба во Милан пред се бидејќи Красиќ е фан на Росоњерите и играчот и признава дека посакува да се прсели во клубот за кој навива заедно со уште еден голем фан на Милан, Един Џеко.
“Вистина е дека се ближи моето заминување.” – рече Красиќ. “До 15ти мај ќе бидам во Москва.”
“Потоа патувам за Белград на припреми со репрезентацијата за настап на мондијалот.”
“Што се однесува до мојот нов клуб, таа работа им ја препуштив на моите менаџери. Препуна ми е главата од разни шпекулации. Еден ден ме селат во Германија, друг во Агнлија, трет во Италија...”
“Вистина е дека од мал сум фан на Милан. Секогаш сум сонувал за настап во дресот на Росоњерите.”
“Един Џеко го говори истото? Би сакал со Един Џеко да се преселиме во Милан. Ќе бидеме убинствен тандем.”
“Играв против Џеко во Лигата на Шампионите и ги знам неговите квалитети, тој е страшен играч.”
“Додатно неговата статистика во Бундеслигата говори доволно.”
“Се надевам дека челниците на Милан ќе не купат ’во пакет’.”