Спортскиот директор на Милан, Аридео Браида истапи во медиумите за да ги демантира шпекулациите според кои напаѓачот Алесандро Пато на крајот од сезоната ќе ја променува средината.
Поради двете повреди на мускулот, Пато во поголем дел од сезоната ја помина надвор од терените, а поединачни италјански медиуми твреда дека неговото незадоволство го довело агентот Гилмар Велозо во Милано каде го очекува разговор со представниците на „росонерите“ за негово можно заминување. Се споменуваат лондонски Челзи и мадридски реал.
„Тоа што по новините се пишува се измислици. Непотребно е секој да повторува дека Пато е среќен во Милан и дека со нас нема никакви проблемо. ТОј нема да го напушти клубот.“ - рече Браида кој не беше толку уверен во остануваање на тренерот Леонардо.
„На крајот од сезоната ќе донесеме одлука поврзана за него. Сеуште е рано за такви разговори.“