Директорот на Милан, Ариедо Браида инсистира дека информациите кои го поврзуваат Пато со заминување од Сан Сиро се лажни.
Утринава Tuttosport излезе со шпекулација дека Пато дискутирал со неговиот агент за заминување од Сан Сиро и преселба во Челзи или Реал Мадрид.
Сепак, од Милан веднаш ги демантираат ваквите гласини, велат дека Пато останува во клубот.
"Овие приказни кои ги пишува печатот се само фантазија" - изјави Браида за Tutto Mercato Web.
"Безкорисно е да повторувам уште еднаш дека тој е среќен во Милан и нема никакви проблеми".
"Пато нема да го напушти Милан".
Браида на крајот проговори и за иднината на Леонардо, за кој исто така се зборува дека ќе ги напушти Росоњерите.
"По завршувањето од сезоната ќе донесеме одлука што ќе правиме. Сега за сега е рано да се говори за тоа" - заврши директорот.