Францускиот напаѓач Давид Трезеге (32) сака во следната сезона, доколку го напушти Јувентус, да премине во редовите на италјанскиот гигант, Милан.
Поранешниот француски репрезентативец и член на „старата дама“ во изминатите 10 години, има актуелен договор кој го поврзува со тимот уште една година.
Медиумите се повеќе шпекулираат дека Трезеге во летниот преоден рок, ќе го напушти Торино, а како потенцијални клубови се споменуваат ЛА Галакси, Лион и Марсеј, па и Коринтианс.
Сега неговиот агент, Антониот Калиендо напомена и ново име на потенцијалниот купувач, кој секако е далеку поугледен од споменатите клубови.
„Лион и Коринтианс покажаа интерес, но тој најрадо би преминал во МИлан. Кој не би сакал да игра таму? Неговата цена е помеѓу 5 и 10 милиони евра, а договор би вредел во наредните 2 години.“ - рече Калиендо.