Потпретседателот на Милан , Адриано Галијани категорично негиреше дека тие ќе го ангажираат Марио Балотели од Интер
Балотели повторно е во центарлот на медиумското внимание во Италија откако во вторникот по крајот на натпреварот со Барселона го фрли дресот на теренот.
Напаѓачот подоцна беше вклучен во тимот на Интер за вчерашниот дуел со Аталанта и Марио се извини на клубот и фановите но во петокот навечер се случи нов пресврт во контроверзиите и на барања на претседателот Масимо Морати напаѓачот беше изоставен од составот за дуелот со Аталана.
Шпекулациите за заминување на Балотели од Џузепе Меаца се се поголеми а бидејќи тој како дете навивал за Милан се верува дека Росоњерите се неговата префериран дестинација.
Но потпретседателот на Милан, Адриано Галијани гатегорично негираше дека тие ќе го ангажираат ’Супер Марио’.
“Навистина мислам дека Балотели нема да може да го носи дресот на Росоњерите.” – рече Галијани.
“Покрај тоа, јас воопшто не знам дали тој ќе остане во Интер или пак тие имаат намера да го продаде Балотели. Но сигурно дека тие нема да сакаат да го продадат на Милан. Тоа е порблем на Интер.”
“Ние нема да развиваме сонови кои не постоја, особено ака на крајот ние треба да бидеме обвинети.”
Покрај Милан, уште неколку клубови – Фиорентина, Наполи, Манчестер Сити, Арсенал и Барселона – се поврзуваат со Балотели.
Играчот утринава се појави во Апиоано Џентиле и присуствуваше на тренингот покрај своите соиграчи.