Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани инсистира дека клубот нема никави намери да го продаде Клас-Јан Хунтелар во летниот преоден рок.
Холанѓанецот се мачи да се избори за првиот тим на Милан откако пристигна на Сан Сиро од Реал Мадрид. Досега има само 9 настапи како стартер во Серија А.
Неодамна излегоа шпекулации дека можна е замена со Амаури од Јувентус исто дека Тотенхем и Сити се заинтересирани за него, но сето ова го демантираше Галијани. “Милан нема никава намера да го продаде Хунтелар.“
Сепак според Медиасет Росонерите ќе ја прифатат било која понуда кој ќе изнесува над 12 милиони евра.