Некогаш најдобриот фудбалер на светот, Роналдињо, не може да си замисли дека нема да биде на СП. Тој ветува дека ќе направи се за да “кариоките“ ја осојат титулата ако се најде во составот на Дунга.
“Ќе одам на Светското првенство и ќе го освојам. Имав некои проблеми со повиците за репрезентацијата во последно време, но за тоа јас воопшто не сум крив.“
“Не можам да замислам да не одам на СП, не можам тој момент никако да си го доловам. Мислам дека ќе ја направам мојата земја навистина горда ако настпам во Јужна Африка, пред се моите соиграчи. Ќе ја донесеам титулата.“ - рече Роналдињо кој сезонава игра во добра форма за Милан и е најзаслужен што Росонерите не кризираат по продажбата на Кака.