Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани негира дека Силвио Берлускони има намера да го продаде клубот
Утрово помеѓу медиумите од Италија се појавија шпекулации кои говореа дека сопственикот на Милан, Силвио Берлускони конечно ќе го продаде клубот.
Извештаите говореа дека премиерот на Италија на една вечера со група сенатори им соопштил дека има намера да го продаде клубот и покрај тоа што верува дека таквиот потег ќе му наштети на политичкиот рејтинг.
Но потпретседателот на Росоњерите, Адриано Галијани уште еднаше негираше дека Берлускони ќе се раздели од Милан.
“Клубот нема да биде продаден.” – рече Галијани.
“Фановите на Милан мора да останат блиску до нашиот драг премиер Берлускони. Во 20 години тој освои 13 национални и 13 интернационални трофеи. Милан мора да продолжи на овој пат, следната сезона ќе играме во Лигата на Шампионите и сеуште сме најдобриот тим на Европскиот ранкинг во последните пет години.”
“Оваа сезона доколку немавме повреди ќе се боревме за Скудетото до самиот крај.”
Милан соопшти дека Леонардо си заминува но клубот сеуште не потврдил кој ќе биде нов стратег.
“Има три или четири кандидати за кои медиумите веќе збореа и еден за кој никој не помислил.”
“Сеуште има време. Ќе одлучиме со претседателот, нема потреба за итнос бидејќи немаме официјални обврски до 29 август.”
“Дури и да знам нешто нема да ви го кажам тоа.”