Екс-претседателот на Јувентус, Лучијано Моџи вели дека дербито следната недела меѓу Милан и Јувентус ќе биде дуел меѓу две екипи кои си плачат за промени. Јувентус ги бележи најслабите резултати во последните 48 години во Италија.
“Следната недела натпреварот меѓу Милан и Јувентус ќе биде дуел на две екипи на кои им е потребна комплетна реконструкција.“
“Јувентус успеа да ги сруши сите негативни рекорди. Доаѓањето на Андреа Ањели беше повеќе од неопходно, предсе за да се намали моќта на Блан, но со оглед на неговото познавање на фудбалот тој не заслужува никаква моќ.“
“Лошото ќе биде ако Јувентус почне пак да купува статични играчи во средината или фудбалери како Андраде, Поулсен и Тјаго, во тој случај ќе ни требаат повеќе од 20 години за да се вратиме на старата слава.“ - рече Моџи.