Председателот на Милан, Силвио Берлускони ов четвртокот призна дека бразилскиот тренер Леонардо ќе ја напушти клупата на росоњерите и напомена дека веќе работи на пронаоѓање нов тренер.
Првичните шпекулации зборуваат дека тренирањето на фудбалерите на Милан ќе го превземе некој од имињата што се на моменталниот платенс писок на клубот, најпрво се споменува помошникот тренер Мауро Тасотија или директорот на младинскиот погон Филип Галија.
Но, миланњус.ит во саботата донесе информација дека Берлускони сериозно размислува за донесување на Лучиано Спалети, сегашниот тренер на Зенит од Ст. Петерсбург.
Спалети на почетокот од оваа сезона замина од Рома каде што беше 5 сезони но доколку му се верува на овој интернет портал Спалети нема долго да се задржи во Русија.