Италијанскиот фудбалски дневен весник „Кориере дело Спорт“ пренесува дека потпретседателот на Милан, Адриано Галијани ги убедил навивачите на „росонерите“ дека популарниот Пипо Инзаги и наредната сезона ќе игра на Сан Сиро.
Договорот на овој ветеран со италијанскиот прволигаш истекува за нешто помалку од два месеца, но, ако се земат во обѕир зборовите на потпретседателот на тимот Галијани, најверојатно во наредните неколку дена ќе биде потпишан нов договор.
„Љубителите на фудбалот од Милано и симпатизерите на нашиот клуб се свесни каква ѕвезда претставува Инзаги за нашиот тим, па според тоа жалосно е да го загубиме како играч уште оваа сезона.“
„Сеуште не можам да ви потврдам дека постои писмен договор меѓу клубот и играчот, но затоа имаме усмен договор меѓу мене и Инзаги што значи дека и да се пласираме и да не се пласираме во Лигата на Шампионите тој ќе остане во клубот бидејќи е икона на Милан.“ - изјави Галијани.