Фантастичниот босански репрезентативец Един Џеко уште еднаш призна дека е фан на Милан но даде до знаење дека тоа не мора да значи дека ќе игра за росоњерите.
Милан веќе цела година се обидува да го донесе во своите редови напаѓачот на Волфсбург но неговата цена од 40 милиони евра е прилично скапа за миланезите.
„Да, Милан е мојот најомилен клуб и поради тоа медиумите доста често ме поврзуваат со трансфер кај росоњерите. Но, тоа не значи дека ќе играм за нив наредната сезона“, изјави Џеко за германскиот Спох.
Моментално вториот гоглетер во Бундес лигата призна дека веќе има неколку понуди но одби да потврди дека во текот на летото ќе го напушти актуелниот германски шампион.
„Уште една сезона во Волфсбург? Веќе имам неколку понуди така да не знам дали ќе останам и следната сезона. Но, што се однесува до атмосферата на стадионот, германската лига е најдобра, дури ни во Англија ни во Шпанија нема таква атмосфера“, заклучи 24-годишниот фудбалер.