Стратегот на Милан, Леонардо потврди дека имал расправија со Роналдињо на полувремето од минато неделниот натпревар со Сампдорија
Во интервју за ТВ каналот на Милан пред вчерашното патување за Сицилија и дуелот со Палермо, Леонардо потврди дека имал расправија во соблекувалната со Роналдињо за време на полувремето од натпреварот со Сампдорија.
Стратегот вели дека не бил задоволен од перформансите на ’Дињо’ во првиот дел и по расправијата неговиот сонародник започнал да игра подобро.
“Имав расправија со Роналдињо.” – рече Лео. “Бидејќи не ми се допаѓаше начинот на кој тој одговараше на поставените задачи во првиот дел.”
“Но дискусијата влијаеше врз него и потоа тој покажа за што е способен.”
Леонардо исто така ги повика своите играчи да го дадат максимумот на вечерашниот дуел со Палермо.
“Сеуште немаме постигнато ништо оваа година. Потребно е да бидеме фокусирани на натпреварот.”
“Треба да ги оствариме нашите цели. Реазултатот во Палермо треба да го оствариме со нашето срце.”