Алесандре Пато уште еднаш, по којзнае кој пат, ги отфрли шпекулациите кој го поврзуваа со Челзи, Реал Мадрид или некој друг клуб.
Младиот бразилски напаѓач е мета на Челзи и Реал Мадрод, но 20 годишното „чудо од дете“ не планира да замине од тимот на „росонерите“.
„Никогаш не сум рекол дека сакам да заминам. Среќен сум тука и ова е мојот дом. Имам договор до 2014-та година. Милан освојувал многу работи во историјата и напорно ќе работам тоа да се повторо наскоро. Сакам да постигнам 20-голови, да станам Капоканониере и сите да ги победам.“ - рече Пато.
„Можев да направам уште многу повеќе, но се надевам дека ќе бидам расположен наредната година. Во меѓувреме сум среќен затоа што ќе играме во ЛШ.“ - додаде Бразилецот, кој имаше само пофалби за својот сонародник и поранешен тренер на Милан.
„Многу научивод Леонардо. Направив голема работа, но неговата одлука мора да се почитува.“