Селекторот на Бразил, Карлос Дунга го објави својот список од 23 фудбалери за Светското Првенство и на него ги нема имињата на Роналдињо и Адриано
Плејмејкерот на Милан, Роналдињо нема настап за Кариките од април минатата година но многумина веруваа дека поради одличната форма на Дињо оваа сезона Дунга ќе го повика искусниот фудбалер за мондијалот во Јужна Африка.
Но селекторот на Бразил очигледно си има свои планови и реши да го изостави поранешнит Најдобар Фудбалер во Светот.
Во списокот од 23 фудбалери на Дунга нема место ниту за поранешниот напаѓач на Интер, и сегашен прв стрелец на Фламенго, Адриано како и за младата ѕвезда на Сантос, Нејмар.
Најдобрито стрелец во Бундеслигата од минатата сезона, Графите сепак доби доверба од Дунга за Светското Првенство.
Со оглед на тоа дека Дунга не соопшти провизорен состав, доколку нема неочекувани повреди, Роналдињо и Адриано ќе го гледаат мондијалот во Јужна Африка од дома.
Составот од 23 фудбалери на Бразил:
Голмани: Жулио Цесар (Интер), Дони (Рома), Гомес (Тотенхем);
Одбрана: Маикон (Интер), Даниел Алвес (Барселона), Мичел Бастос (Лион), Жилберто (Крузеиро), Лусио (Интер), Жуан (Рома), Луисао (Бенфика), Тиаго Силва (Милан);
Среден ред: Жилберто Силва (Панатинаикос), Фелипе Мело (Јувентус), Рамирес (Бенфика), Елано (Галатасарај), Кака (Реал Мадрид), Жулио Баптиста (Рома), Клеберсон (Фламенго), Жосуе (Волфзбург);
Напад: Робињо (Сантос), Луис Фабиано (Севиља), Нилмар (Виљареал), Графите (Волфзбург).