Тренерот на Милан изјави дека поразот од Џенова пред празните трибини на стадионот Луиџи Ферарис е нереален со оглед на тоа како „росонерите“ играле на теренот.
„Ова беше малку нереален дуел. Жалам што не успеавме да се концентрираме и да одговориме на голот, беше чудно, лично јас се чувствувам доста незгодно да изјавам нешто“, кажа Бразилецот после натпреварот.
„Мислиме дека наредната недела кога ќе играме против Јувентус ќе одиграме натпревар каков што денеска очигледно ни недостигаше“.
„Задоволен сум што ја постигнавме целта и што се пласиравме во Лигата на Шампиони. Тоа беше многу важно и не треба да заборавиме на кој начин го постигнавме“.
„Денеска игравме доста резервирано и Џенова победи. Голот на Пато? Верувам на проценката на судијата, тоа значи дека напаѓачот бил во офасјд“, дополни Леонардо.