Италијанскиот фудбалер и напаѓач на прволигашот Милан, Филипо Инзаги има желба да постави нов рекорд во Лигата на Шампионите.
Ветеранот од редовите на Милан, ги демантираше шпекулациите дека на крајот на оваа сезона ќе ја заврши професионалната кариера.
36-годишниот напаѓач оваа сезона беше стартер на само 4 меча од вкупно 24 кој ги одигра. Според пишувањата на разни таблоиди, Инзаги требаше на крајот на оваа сезона да ја заврши кариерата, а самиот играч изјави дека очекува уште најмалку една сезона во дресот на Милан.
„Сеуште не сакам да се повлечам од фудбалот. Сакам да соборам уште неколку рекорди и тоа со овој тим и со овие навивачи кој најмногу ме сакаат.“ - изјави Инзаги.