Играчот за врска на Милан, Масимо Амброзини изјави дека се чувствува тажен поради одлуката на Леонардо спогодбено да го раскине договорот и да го напушти тимот на Милан.
Бразилскиот стратег ги предводеше росоњерите минатата сезона но не успеа да оствари позначајни успеси откако тимот заврши на третата позиција во италијанското калчо.
Истовремено, миланезите беа елиминирани од Лигата на Шампионите уште во шеснаестина финалето од страна на англискиот представник, Манчестер Јунајтед.
Фактите дека нема успеси а воедно и несогласувањата со председателот на Милан, Силвио Берлускони го натераа младиот стратег да го напушти тимот.
„Бев многу тажен кога морав да му кажам збогум на Леонардо“, изјави италијанецот. „Се надевам дека наредниот тренер, кој и да е, ќе биде почитуван од стрнаа на сите и ќе му овозможиме добар терен за работа“, дополни тој.