Холандскиот репрезентативен играч на Милан Клас Јан Хунтелар во наредниот летен преоден рок е подготвен да го напушти тимот на италијанскиот премиерлигаш Милан.
Интернационалниот напаѓач на Холандија е фрустриран од тоа што поголемиот дел од натпреварите ги започнува од клупата за резерви, и токму поради тоа е спремен да ги напушти редовите од Сан Сиро во наредниот преоден рок.
„По којзнае кој пат нагласувам дека сум крајно незадоволен од начинот на кој се одвиваат работите во Милан, и сум навистина подготвен да го напуштам тимот во потрага по подобра минутажа.“ - изјав Хунтелар.
Неговиот агент за италијанските медиуми потврди дека Хунтелар би сакал да се пресели во Англија, каде за неговите услуги се заинтересирани Арсенал и Манчестер Јунајтед.