Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани уште еднаш нагласи дека тие не планираат да ги продадат своите ѕвезди меѓу кои и Александре Пато.
Потпретседателот на Росоњерите говореше денеска на акционерското собрание на кое се расправаше за буџетот на клубот.
До Адриано Галијани пристигнаа неколку прашања кои се актуелни во медиумите од Италија како што се иднината на тренерот Леонардо, иднината на Александре Пато, поврзувањето на Марио Балотели со Милан и силано инвестирање на трансфер пазарот.
“Јас сум вљубен во Леонардо.” – рече Галијани. “Најпрво нека заврши шампионатот, да обезбедиме директно учество во Лигата на Шампионите, па тогаш летото ќе биде долго за нас.”
“Ситуацијата на Леонардо не е иста како онаа на Анчелоти од минатата година. Ние се договоривме што ќе правиме. Се надевам дека ќе го убедам да остане.”
“Никој не помислил за ангажман на Липи. Тој е мој пријател но тој е тренер на светскиот шампион.”
“Се надевам дека Леонардо ќе остане во спротивно знаете што мислам јас и Берлускони. Милан треба да го предводи Миланиста.”
На шала потоа Галијани понуди листа на поранешни Росоњери:“Тасоти, Гали, Ван Бастен, Рајкард, Барези...”
“Алегри? Не знам дали тој е Миланиста...” – продолжи да се смее Галијани. “Се е можно....“
На ваквата дебата еден од акцинерите го постави прашањето за Балотели.
“Балотели? И тој е Миланиста.” – додаде Галијани пред неколку пати да напомене дека само се шали.
Потпретседателот потоа рече дека тие нема да ги продадат своите ѕвезди: “Ние нема да ги продадеме нашите ѕвезди. Секако дека нема да го продадеме Пато, Тиаго Силва, Роналдињо, Хунтелар, Бориело.”
“2010 ќе биде потешка од 2009 која беше спасена со продажбата на Кака во Реал Мадрид.”
“Берлускони е заљубен во Милан и тој ќе продолжи да одвојува пари. Ние ќе се обидеме да бидеме компетитивни, ќе сториме се што можеме но во клубот беше вложувано доволно во последните 25 години.”
“Берлускони сеуште е страствен кон фудбалот, и не само што сака се најдобро за Милан туку и повеќе. Сепак тој не сака да биде како Интер и да потроши 809 милиони евра во пет години.”
“Не можеме и не сакаме да потрошиме 809 милиони евра во пет години но имаме конкурентен Милан.”