ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФОРУМ НА ФАН КЛУБОТ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА
 
PortalHomeБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Малдини: Милан мора да инвестира за да го задржи чекорот со гигантите

Go down 
АвторПорака
viktor_kaka
ФАН НА МИЛАН
ФАН НА МИЛАН


Број на мислења : 81
Join date : 2010-04-19

Малдини: Милан мора да инвестира за да го задржи чекорот со гигантите Empty
ПишувањеПредмет: Малдини: Милан мора да инвестира за да го задржи чекорот со гигантите   Малдини: Милан мора да инвестира за да го задржи чекорот со гигантите EmptyЧет Апр 22, 2010 5:35 pm

Легендата на Милан, Паоло Малдини ја советуваше управата на Росоњерите да ангажираат нови играчи со цел да се натпреваруваат со топ клубовите од Европа
Росоњерите во последните неколку години се анемични на трансфер пазарот и поголемиот дел од фановите се бесни откако минатото лето 65те милиони евра од продажбата на Кака беа искористени за балансирање на буџетот а не за засилување на составот.
Поранешниот капите на Милан, Паоло Малдини ја советува управата на клубот дека мора да инвестира со цел да го задржи чекорот со топ клубовите од Европа.

“Нормално е тоа што фановите се навикнати на одредени цели, и јас гледам дека инвестирањето е единствен начин да се одржи чекорот со големите тимови од Европа.” – рече Малдини.

“Колку што јас сум запознаен, управата на клубот наскоро ќе се сретне за да се договори трансфер стратегијата.”

Медиумите најпрво шпекулираа дека Милан се обидел да го врати Малдини на терените во завршниот дел од сезоната за подоцна извештаите на весниците да говорат дека Адриано Галијани му понудил на Паоло место во управата.

“Имав состанок со Галијани со кого сум во добри односи и во моментов нема никакви проблеми.”

“Како фудбалер јас веќе се повлеков а за менаџер сеуште сум млад. Јас веќе земав една година пауза.“

“Доколку предлогот дојдеше минатата година, јас ќе го одбиев во секој случај.”
Вратете се на почетокот Go down
http://www.bozinovskaa.bloger.hr
 
Малдини: Милан мора да инвестира за да го задржи чекорот со гигантите
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН :: Милан :: НОВИНИ-
Отиди до: