ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФОРУМ НА ФАН КЛУБОТ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА
 
PortalHomeБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Нова афера во Италија: Аудиоснимките покажуваат дека Интер местел натпревари?

Go down 
АвторПорака
viktor_kaka
ФАН НА МИЛАН
ФАН НА МИЛАН


Број на мислења : 81
Join date : 2010-04-19

Нова афера во Италија: Аудиоснимките покажуваат дека Интер местел натпревари? Empty
ПишувањеПредмет: Нова афера во Италија: Аудиоснимките покажуваат дека Интер местел натпревари?   Нова афера во Италија: Аудиоснимките покажуваат дека Интер местел натпревари? EmptyЧет Апр 22, 2010 5:01 pm

По откривањето за вмешаност на новиот контингент клубови во аферата „Калчополи“ од сезоната 2005/2006, италијанскиот фудбалски сојуз (ФИГЦ) официјално објави започнување на нова истрага.

Нововклучените клубови во скандалот се Интер, Палермо, Рома, Болоња, Каљари и Удинезе, за што, како што пишуваат италијанските медиуми, наводно постојат и аудиодокази.

„Во врска со процесот кој се води на наполскиот суд, од државното обвинителство веројатно некое време ќе се причека за покренувањето на истрагата, но ФИЦГ официјално ја побара.“ - соопштуваат од сојузот.

Истрагата ја иницираше адвокатскиот тим на Лучијано Моџи, поранешниот главен оперативец на Јувентус, кој, како и неговиот клуб, единствено сериозно настрадаа во истратага од 2006-та година, кога се испостави дека со сопственото влијание и контакти ги „делегирал“ судиите на Јувентус за натпреварите на торинскиот клуб.

Токму поради тоа заработи суспензија од фудбалот во времетраење од пет години, додека на Јувентус му беае одземени трофеите од 2005. и 2006. година и клубот беше елиминиран од првата во втората лига.

Реџина, Фиорентина, Милан и Лацио тогаш беа казнети само со укори и парични казни.

Меѓутоа, неодамна во јавноста се појавија нови аудиозаписи, конкретно 75, според кои произлегува дека истите услуги како Моџи од тогашниот челник на судиската организација Пиерлуиџи Паирета побарале и многу други италијански сопственици.

Наводно, во име на Интер побарал тогашниот претседател на клубот Џасинто Фачети, кој умре есента 2006-та година.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.bozinovskaa.bloger.hr
aleksandar tasevski
ФАН НА МИЛАН
ФАН НА МИЛАН
aleksandar tasevski

Број на мислења : 46
Join date : 2010-04-18
Age : 24
Местолокација : Skopje Butel 1 Ljubotenski pat

Нова афера во Италија: Аудиоснимките покажуваат дека Интер местел натпревари? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Нова афера во Италија: Аудиоснимките покажуваат дека Интер местел натпревари?   Нова афера во Италија: Аудиоснимките покажуваат дека Интер местел натпревари? EmptyСаб Апр 24, 2010 10:46 am

Pa mnogu normalno e deka inter mestel Не е OK
Вратете се на почетокот Go down
 
Нова афера во Италија: Аудиоснимките покажуваат дека Интер местел натпревари?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН :: Милан :: НОВИНИ-
Отиди до: