Напаѓачот на Милан, Александре Пато рече дека е среќен во Милано и не сака да си замине оттука. Се надева дека следната сезона нема да го мачат толку повреди како оваа и со тоа неговиот придонес кон Росонерите ќе биде поголем.
“Никогаш немам речено дека сакам да си заминам. Среќен сум тука, ова е мојот дом. Имам договор до 2014-та и ако некој одлучува за мојата иднина тоа е Милан.“
“Милан има освоено многу трофеи. Ќе работам напорно и повтрно ќе се вратиме на старите патеки. Сакам да постигнам 20-тина голови, да бидам најдобар напаѓач и да освојам се.“
“Можев уште многу да придонесам сезонава, но бев повреден три пати. Бев надвор од терените 40 дена. Тоа е трагично затоа што постојано постгнував голови. Постојано излегував со желба за победа.“
“Се надевам дека следната сезона ќе бидеме подобри, во меѓувреме среќен сум затоа што изборивме пласман во ЛШ.“ - рече на крај Пато кој при тоа му одаде голема почит на Леонардо и работата која ја завршил оваа сезона.