Како можен наследник на Леонардо на клупата на Милан се споменува актуелниот тренер на Рома.
Италијанскиот директор на новиот спонзор на Милан, „Флај Емирати“ ја подржи идејата како наследник на Леонардо да биде Клаудио Раниери.
Иако сеуште нема официјална информација за тоа дали Леонардо и официјално ќе ја напушти клупата на Милан, медиумите продолжуваат со потрагата по негов наследник.
„Тоа е работа на клубот, но како симпатизер на Милан би сакал да го видам Раниери на клупата на „росонерите." - изјави Масини.
Тој ги прокоментира и гласините за можното напуштање на клубот, на ѕвездата на Милан Роналдињо.
„Убаво е да се види нашиот назив на дресот на таков играч. Доколку замине Роналдињо ќе биде потребна слична замена за него.“ - додаде Масини.