ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФОРУМ НА ФАН КЛУБОТ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА
 
PortalHomeБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Леонардо се заблагодари за 13. прекрасни години

Go down 
АвторПорака
MIKIMUA
Admin
MIKIMUA

Број на мислења : 202
Join date : 2010-04-17
Age : 25
Местолокација : Кочани

Леонардо се заблагодари за 13. прекрасни години Empty
ПишувањеПредмет: Леонардо се заблагодари за 13. прекрасни години   Леонардо се заблагодари за 13. прекрасни години EmptyНед Мај 16, 2010 2:46 pm

По крајот на последниот натпревар како тренер на Милан, против Јувентус, Леонардо се заблагодари на клубот за 13. години кои ги помина на Сан Сиро, како фудбалер, како шеф и како тренер.


Тој изјави дека на тој дел од Милано тој секогаш ќе се чувствува фантастично покрај тоа што никогаш не размислувал да стане тренер, таа функција му дала фантастична инспирација.

„Во животот работите постојано се менуваат и во даден момент треба да се донесат важни одлуки. Не сакам да зборувам зошто дојде до решението да го напуштам тимот, но сакам да му заблагодарам на сите за прекрасните 13 поминати години“.

„Никогаш не сум помислувал да станам тренер, но тоа се покажа како фантастично искуство и инспирација. Во овој момент незнам што ми нуди иднината. Најажното е да бидам среќен, немам намера да брзам со некакви решанија, пред да размислам добро“, изјави Леонардо.

Стратегот беше запрашан и за односот, односно протестите на фановите против председателот Силвио Берлускони.

„Не можам да зборувам од името на фановите. Го почитувам нивното мислење, во однос на моето напуштање сакам само да кажам дека сум уверен дека Милан ќе најде вистинско решение. Тука ја испишував мојата историја цели 13 години и сум задоволен од се што сум постигнал со овој тим“, заврши Бразилецот.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.facebook.com/miki.pecov?ref=profile
 
Леонардо се заблагодари за 13. прекрасни години
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН :: Милан :: НОВИНИ-
Отиди до: