ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФОРУМ НА ФАН КЛУБОТ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА
 
PortalHomeБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Вие одбравте: Сан Сиро е најзначајниот стадион!

Go down 
АвторПорака
MIKIMUA
Admin
MIKIMUA

Број на мислења : 202
Join date : 2010-04-17
Age : 25
Местолокација : Кочани

Вие одбравте: Сан Сиро е најзначајниот стадион! Empty
ПишувањеПредмет: Вие одбравте: Сан Сиро е најзначајниот стадион!   Вие одбравте: Сан Сиро е најзначајниот стадион! EmptyСаб Мај 15, 2010 7:32 pm

Серијалот во кој Вие го избиравте најзначајниот фудбалски стадион заврши. Во „финалето“ храмот на фудбалот во Барселона - Камп Ноу доби 609 гласа во споредба на оние 666 на Сан Сиро/Џузепе Меаца!


Парите го променија погледот на стадионите, местата кој некогаш беа фудбалски храмови, денес претставуваат вртење на парите на и онака богатите Арапи, Руси или Американци. Меѓутоа, парите неможат да ги променат некои стадиони кој донесоа слава која доаѓа по богатата историја...

Ние за вас избравме 16 стадиони за кои сметаме дека имаат историја доволно богата историја за овој избор, а вие по пат на елиминација од ден во ден па се до финалето можевте да го изберете „најважниот“. Во таа конкуренција немаше место за Алијанц или Амстердам Арена, таквите не влагаат во изборот, а исто така не влегоа ниту оние стадиони на кои веќе не се игра фудбал.

Ваше право беше да го одберете најзначајниот меѓу најзначајните т.е стадион за кој сметате дека е едноставно кажано вистински храм на фудбалот. Овде не биравме стадион кој има најубава градба, или најудобни столчиња, туку тука баравме стадион кој има ненадминлива историја. Бидејки на него играле најголемите фудбалери, бидејки на таа трева биле играни најславните натпревари, бидејки на него навиваат најдобрите навивачи.



САН СИРО

Два клуба, две имиња - еден стадион. Така најкратко може да се опише градскиот стадион во Милано, домашниот терен на двата италијански клуба Интер и Милан. Официјалното име на стадионот e Џузепе Меаца или пак Сан Сиро, a има капацитет од 80.000гледачи што претставува најголем стадион во Италија, трет најголем во Европа, а во светот се наоѓа на високото десетто место. Еден од стадионите кој ја носат ознаката од пет ѕвезди на УЕФА.

Називот Џузепе Меаца е добиено по името на за многумината еден од најголемите италијански фудбалери во историјата, кој жареше и палеше по италијанските терени во првата половина на 20тиот век. Често е употребуван и називот Сан Сиро, а тоа име доаѓа или го користат навивачите на Милан. Поради тоа навивачите на градските ривали од Милано се поделени и кога станува збор за името на стадионот: Навивачите на Интер повеќе сакаат да го користат името Џузепе Меаца поради легендарниот фудбалер кој најголем дел од кариерата ја помина во „црно-плавиот“ дрес, додека ултрасите на Милан го преферираат називот Сан Сиро.

Градењето на еден од најубавите стадиони во Европа започна во далечната 1925г. под будно око на претседателот на Милан Пиер Пирели, окарактеризиран со голема близина на трибините до тревникот(нема атлетска патека), стрмни трибини кој овозможуваат добар поглед и со голем покрив, а сето тоа овозможува пеколна навивачка атмосфера, посебно кога на распоредот е миланското дерби. По довршувањето на изградбата стадионот имаше првичен капацитет од окулу 30.000гледачи, речиси три пати помалку од она што може да прими денес.

Пеколна атмосфера на штотуку изградениот Сан Сиро се случи на 19ти септември 1926г. кога на новиот тревник истрчаа лутите противници, градските ривали Интер и Милан. Речиси 35.000гледачи присуствуваа на натпреварот каде Интер им го нанесе првиот домашен пораз на Милан, и тоа со 6:3. Стадионот Џузепе Меаца стана домашен стадион на Интер во 1947г., речиси 21година по самата изградба на стадионот. Црно-плавите дотогаш играа во Arena Civic со капацитет на нешто помалку од 30.000луѓе.

Стадионот низ историјата беше подложен на бројни реконструкции, разни проширувања на трибините, а некое време примаше и нешто повеќе од 100.000луѓе. Така на пример во 1952г. на натпреварот помеѓу Италија и Бразил на Сан Сиро присуствуаа 125илјади луѓе. Сепак, по катастрофалната случка на натпреварот помеѓу Јувентус и Ливерпул на стадионот во Брисел, Хејсел, капацитетот на Сан Сиро во 80' години на минатиот век поради безбедности причини беше намален на окулу 90илјади.

Освен Интер и Милан, на Сан Сиро се одиграни и бројни натпревари на италијанската фудбалска репрезентација, потоа финалиња на Лигата на шампионите и Купот на УЕФА. Стадионот повторно е реновиран во пресрет на Светското првенство во 1990година каде што беа потрошени окулу 60милиони долари, а тоа резултираше со поставување на столчиња на целиот стадион, а беа додадени и нови редови на три страни на стадионот. Освен фудбалски натпревари, Сан Сиро бил домаќин на голем број музички спектакли, а тука најчести гости биле Springsteen и Rolling Stones, а интересно е дека во 1960г. најголемиот стадион во Италија беше домаќин и на боксерски меч.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.facebook.com/miki.pecov?ref=profile
 
Вие одбравте: Сан Сиро е најзначајниот стадион!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН :: Милан :: НОВИНИ-
Отиди до: