ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФОРУМ НА ФАН КЛУБОТ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА
 
PortalHomeБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Официјално: Милан потврди дека Леонардо заминува по крајот на сезоната

Go down 
АвторПорака
MIKIMUA
Admin
MIKIMUA

Број на мислења : 202
Join date : 2010-04-17
Age : 25
Местолокација : Кочани

Официјално: Милан потврди дека Леонардо заминува по крајот на сезоната Empty
ПишувањеПредмет: Официјално: Милан потврди дека Леонардо заминува по крајот на сезоната   Официјално: Милан потврди дека Леонардо заминува по крајот на сезоната EmptyПет Мај 14, 2010 4:36 pm

Екипата на Милан соопшти дека тренерот Леонардо ќе го напушти клубот по утрешниот дуел со Јувентус

Долго време се шпекулираше дека Леонардо по крајот на сезоната ќе го напушти Милан и покрај тоа што стратегот има договор со Росоњерите за утше една сезона.

Заминувањето на Бразилецот од поодамна го навести сопственикот на клубот, Силвио Берлускони, кој на една вечера со група сенатори потврди дека Милан бара нов тренер бидејќи Леонардо ќе замине.

Самиот Леонардо одбиваше да одговара на прашањата на медиумите за неговата иднина и постојано велеше дека по крајот на шампионатот во Серија А тој ќе го каже својот став.

Сега во пресрет на утрешниот натпревар со Јувентус, Леонардо и потпретседателот Адриано Галијани на заедничка прес-конференција соопштија дека договорот е раскинат на заедничка согласност.

Леонардо рече: “Ние сме тука заедно за да соопштиме дека одлучивме да го раскинеме договорот на заеничка согласност на смирен начин исто како што беше односот во минатите години.”

“Нема изненадувања. Денеска се беше расчистено како и секогаш. Стигнавме до крајот.”

“Се квалификувавме во Лигата на Шампионите, нешто што беше наша цел, и утрово решивме да го официјализираме нашето разделување.”

Галијани додаде: “Жалам што одлучивме да се разделиме.”

“До овој момент Милан не беше во контакт со ниту еден тренер: има време за тоа. Веќе е одлучено дека Тасоти ќе го предводи тимот на турнејата што започнува на 12 јули.”

“Нема потреба за итнос. Немаме донесено никаква одлука за иднината.”
Вратете се на почетокот Go down
https://www.facebook.com/miki.pecov?ref=profile
 
Официјално: Милан потврди дека Леонардо заминува по крајот на сезоната
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН :: Милан :: НОВИНИ-
Отиди до: