ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФОРУМ НА ФАН КЛУБОТ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА
 
PortalHomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Берлускони: Леонардо заминува, бараме нов тренер

Go down 
АвторПорака
MIKIMUA
Admin
MIKIMUA


Број на мислења : 202
Join date : 2010-04-17
Age : 29
Местолокација : Кочани

Берлускони: Леонардо заминува, бараме нов тренер Empty
ПишувањеПредмет: Берлускони: Леонардо заминува, бараме нов тренер   Берлускони: Леонардо заминува, бараме нов тренер EmptyСаб Мај 01, 2010 5:02 pm

Претседателот на Милан Силвио Берлускони денеска излезе со официјална потврда дека менаџерот на Милан Леонардо на крајот ја напушта клупата на „росонерите“.

Иднината на Леонардо на клупата на италијанскиот прволигаш веќе некое време е тема на бројните светски медиуми. Критиките кои во текот на сезоната му ги упатуваше Берлускони придонесоа за бројните шпекулации околу неговото напуштање на клупата на Милан, а сега нема повеќе сомнежи во тоа.

„Да, Леонардо заминува. Работиме на ангажман на нов тренер.“ - изјави Берлускони за најтиражниот италијански спортски весник „Кориере дело Спорт“.

„Кој ќе биде новиот тренер? Разговараме со неколку луѓе. Леонардо беше премногу тврдоглав, а тимот играше лошо оваа сезона. Тоа се едноставни причини.“ - додаде првиот човек на Милан.

Италијанскиот дневник наведува дека главни кандидати за клупата на Милан се некогашните играчи на „црвено-црните“, а денеска клупски советници, Мауро Тасоти и Филипо Гали.

Леонардо пак, веќе долго време се споменува како иден бразилски селектор, со оглед на тоа дека актуелниот предводник на „кариоките“ Дунга најави дека по овогодинешното Светско Првенство во Јужна Африка ја напушта актуелната работа.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.facebook.com/miki.pecov?ref=profile
 
Берлускони: Леонардо заминува, бараме нов тренер
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Берлускони го сака Спалети за тренер на Милан?
» Официјално: Милан потврди дека Леонардо заминува по крајот на сезоната
» Леонардо нема да биде тренер на Милан наредната сезона!
» Берлускони го пронајде наследникот на Леонардо
» Што велат весниците: Јуве има договор со Бенитез; Берлускони сака Гали да го наследи Леонардо

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН :: Милан :: НОВИНИ-
Отиди до: